General Motors ќе ја продава Corvette C8 со 20.000 долари загуба

General Motors ќе ја продава Corvette C8 со 20.000 долари загуба

Објавено на 4 декември 2019 година

Изненадување беше кога на презентацијата на новата Chevrolet Corvette C8 General Motors најави дека основниот модел ќе чини 59.995 долари. Пријатно, се разбира, по што следеше објаснувањето добиено „под маса“, односно неофицијално од официјални извори, во кое се вели дека американскиот производител ќе губи по 20.000 долари од секој продаден примерок на новиот спортски автомобил со централен мотор и 490 коњи. Познавачите велат дека тоа не е ништо ново и дека и во минатото се има случувано, наведувајќи дека General Motors ја поскапуваше претходната генерација на американската икона секоја година за по 2.000 долари. Тоа, заедно со поевтинувањето на производството и продажбата на поскапите верзии на крај сепак ќе му донесе профит. И имиџ, се разбира.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER