General Motors се пофали дека лани сервисирал 11.180 возила Tesla

Ако не произведуваа, барем сервисираа

Погоните на GM во кои се произведуваат електрични возила лани скоро и да не работа заради познатите проблеми со батериите, но затоа сервисите им работеа одлично – во нив се сервисирале точно 11.180 возила на Tesla. Не е ни чудо бидејќи компанијата ширум САД има повеќе од 12 илјади продажно-сервисни центри, така што 90 отсто од Американците живеат на растојание помало од 16 километри од најблискиот. Пораката е јасна – нема губење време за возење до сервис и назад. Неа според податоците на General Motors ја сфатија и сопствениците на возилата Tesla, кој пак располага со едвај 120 сервиси низ земјата, значи сто пати помалку од GM. Не е познато за какви сервисни интервенции се работи, но се претпоставува дека тоа се поедноставни работи, како замена на пневматици и други поситни зафати.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER