GCOTY- избори во Германија

Top News Занимливости Фото

Кој ќе ја понесе титулата?

Од петте лауреати по класи, еден ќе стане автомобил на годината во Германија

објавено 15 октомври 2020

Германското жири за доделување на наградата ”Автомобил на годината” е составено од 18 уважени новинари кои , како и претходните години, имаа полни раце работа. Тие мораа да ги прочешлаат дури 72 нови модели поделени во пет различни категории и тоа во ”Компактна” класа или автомобили со почетна цена од 25.000 евра, потоа ”Премиум” чија цена не надминува 50.000 евра.  Поскапите автомобили беа сместени во класата ”Луксузни”, за оние со алтернативен погон е резервирана категоријата ”Нова Енергија” и на крај за спортските автомобили беа сместени во групата ”Перформанс”.  Меѓу петте наградени по категории се најдоа дури три потполно електрични автомобили и два модела на VW. Сосема очекувано и логично Golf 8 исплива во групата на компактните возила, додека потполно електричниот ID.3 собра најмногу поени во категоријата ”Премиум”. Дека непристрасноста и објективноста игра водечка улога во Германскот жири покажа изборот на Шведско-Кинескиот Polestar2 во друштвото на луксузни автомобили. Honda E загосподари во конкуренцијата на ”Нова Енергија” додека BMW Alpina B3 ќе стартува од првата позиција на ”Перформанс”. Се вкупниот победник ќе се избере од наведените победници по класи а ќе се објави на 16-ти идниот месец.

VW Golf господари во компактната класа

VW ID.3 се наметна во класата ”Премиум”

Polestar 2 е победник во класата на луксузни возила

Симпатичната Honda E се истакна со својата ”Нова енергија”

Симпатичната Honda E ја освои категоријата ”Нова Енергија”

Alpina B3 со своите мускули доминира во ”Перформанс”