G-Class – ниже успеси

Respect…400.000!

Теренската икона во најдобрите години

Објавено 07 декември 2020

Mercedes G-Class се произведува од 1979 година, а сега оваа теренска икона достигна ”тираж” од 400.000 произведени модели. За да се одбележи оваа годишнина, црвениот Mercedes-Benz G 400 d излезе од производната линија во Грац. Јубилејната G- Class е купен од долгогодишен колекционер од, кој е љубител на оваа аголна класика од 1979 година и сега има околу 20 примероци кој едноставно не може да биде без G!

Од фабриката на Magna Stayer од Грац порачуваат дека се горди што произведоа 400.000 од овие теренски возила. Во моментов, побарувачката е далеку поголема од достапниот производствен капацитет “, нагласува д-р Емерих Шилер, раководител на одделот за теренски возила и извршен директор на Mercedes-Benz G GmbH во Грац, Австрија. Сега G- Class  е електрифицирана, така што љубеникот на руските босови и теренски зависници ќе има иднина со нулта емисија на штетни гасови! Како и во сите погони на Mercedes-Benz, производството  Magna Stayer ќе биде неутрализирано од јаглерод до 2022 година. Заедно со заштитата на климата, заштитата на ресурсите е врвен приоритет. Намалување на потрошувачката на вода и минимизирање на отпадот, вклучително и зголемување на стапката на рециклирање, се основни компоненти на стратегијата за одржливост на Магна. Oд датумот на производство на 1 септември 2020 година, стандардната опрема за иконsките теренски возила стана уште пообемна. Во исто време, има и повеќе опции за персонализација преку програмата „G manufaktur“.

Оваа програма најде наклоност: во моментов, околу 60 проценти од сите купувачи на G-Class се одлучуваат за еден од овие изведби. Нови надворешни бои и пакети со опрема, како и кокпитот со широк екран, кој сега доаѓа како стандард, ја заокружуваат понудата на моделот. Од раните месеци на 2020 година, клиентите и љубителите имат шанса да ја почустуваат способноста на G-Class на терен во новиот ”Центар за искуство” со G-класа во близина на Грац. За овие четири децении и произведени 400.000 возила едноставната по изглед и супериорна по теренски можности G-Class стана миленик на сите со длабок џеб и статус симбол во инает на неговиот едноставнен дизајн. Сепак, карактерот е извонреден благодарение на комплексната техника која го прави супериорен на сите подлоги.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER