Ford започна со нов бизнис

Ford започна со нов бизнис

После изненадувањето дека во САД повеќе нема да произведува автомобили туку само пикапи и кросовери, од Ford стигна уште едно
Објавено на 26 јуни 2018 година

Ford Motor Company од овој месец започна со одгледување пчели. И тоа не било каде, туку во комплексот на својата дирекција во Дирборн. Програмата е лансирана во соработка со една непрофитна организација која се грижи за локалниот екосистем. За почеток се поставени шест пчелни семејства, чии стандардни кошници ќе бидат заменети со иновативни кои се во подготовка. Тие беа избрани на интерен натпревар меѓу дизајнерите на Ford, кои користејќи разни материјали поднесоа десетина свои предлози. Според потпретседателот на групата Ким Пител, одржливоста е повеќе од зголемување на економичноста на возилата и намалување на отпадот од производството. За него таа значи подобрување на животната средина за сите, вклучувајќи ги и пчелите. Според екологистите тој е во право бидејќи освен што се од суштинско значење за снабдувањето со храна, од пчелите зависат низа локални екосистеми.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER