Ford Ranger Thunder (со видео) » Само за ентузијасти!

Top News Новитети

Само за ентузијасти!

Ford лансираше ограничена серија на најпродаваниот пикап во Европа во само 4.500 примероци

Објавено на 20 мај 2020 година

Со единствена спецификација која содржи атрактивни детали на дизајнот кои ја нагласуваат ексклузивноста на моделот, Ford Ranger Thunder ги комбинира врвните карактеристики со оптимизирана носивост и издржлив погон на сите четири тркала. Потекнува од доста популарната Ranger Wildtrak серија, од која го разликуваат ексклузивниот дизајн на екстериерот и ентериерот и стандарните популарни практични опции, како би можел да пружи SUV-овски стил и удобност заедно со широкоградата носивост и можноста за влечење приколка. Задвижуван е со 2,0 литарскиот EcoBlue дизел би-турбо мотор со 213 KS и 500 Nm, спарен со стандардниот 10-степен автоматски менувач. Ranger Thunder се одликува со проверен систем за погон на сите четири тркала со одлични off-road можности. Оваа ограничена серија на Ranger ќе има ексклузивна сива боја на каросеријата и црни 18-инчни тркала. Храбрите црвени акценти на предната маска и спортскиот спојлер зад кабината кои ги истакнуваат клучните детали се дополнуваат со тридимензионалните Thunder натписи на вратите, а логотипот Ranger е во мат црна боја. Стандардни се и ЛЕД светлата со затемнети рамки, а Ranger Thunder вклучува и посебна изведба на просторот за товар со роло покрив и практичен разделник на багажот. Испораката на оваа ограничена серија би требала да започне при крајот на ова лето.

Ranger е најпродаван пикап во Европа, кој во 2019 година стигна до 52.500 купувачи.

Видео

клучни зборови: ,