Ford Mustang – Mach E GT

насловна Новитети

Дивото коњче уште по диво

Електриката кај „Синиот овал“ го фрла во втор план моќниот GT!

објавено 20. јули 2021

Со вкупна моќност од 475 коњи и 860 Nm извлечени од два електро-мотори Mustang Mach-E има скоро 15 проценти повеќе сила отколку високо перформансниот спортски автомобил Ford GT. Специфицираните 3,7 секунди за спринтот од 0 до 100 км/ч и специјално дотераниот погон на сите четири тркала дистрибуира поголема моќност на задните тркала отколку кај другите Mach-E изведби и, како што тврдат од таборот на Ford, овозможува далеку поголема забава во возењето.

За оваа прилика вклучен е новиот режим на возење „Нескротлив“ кој е одобрен за употреба само на тркачката патека. Со него, силата може да биде фино дозирана, како и контролата на влечењето и стабилноста, а вештачки генерираниот звук на моторот се прилагодува соодветно. Дизајнот на стандардното потпирање Magna-Ride е изменет за да ги задоволи барањата на европските клиенти.

Додадени се спортски седишта од изведбите Ford Performance, 20-инчни алуминиумски тркала, ексклузивните бои на каросеријата Cyber ​​Orange или Atoll Blue Metallic и специфични дизајнерски GT елементи, како што е посебно дизајнираната поликарбонатна решетка во темно сива боја. Батеријата со продолжен опсег на Mustang Mach-E GT има нето капацитет од 88 киловат часови, што се рефлектира во стандарден опсег до 500 километри.

На станица за брзо полнење со моќност до 150 kW за десет минути кросоверот може да извлече доволно енергија за уште 99 километри, додека за 45 минути се одвива полнењето од десет до 80 проценти од капацитетот на батеријата. Сите корисници на Mustang Mach-E GT имаат пристап до мрежата за полнење Ford Pass во траење од пет години. Во ЕУ цената на Mustang GT започнува од 72.900 евра.