Ford Mustang Mach-E » Меч со две острици

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Меч со две острици

Фановите на Mustang не се среќни велејќи дека тоа е меч со две острици, но сите други го интерес го дочекаа појавувањето на електричниот SUV на Ford кој го носи неговото име – прашање е која страна од мечот ќе биде поостра

Објавено на 25 ноември 2019 година

После Puma, Ford го прошири своето семејство уште со еден кросовер. Овојпат електричен, кој ќе го дели името со Mustang. Додавката Mach-E треба да ги разликува, иако никој нема да ги помеша. Новиот модел има смирен но доволно маркантен дизајн инспириран од мускулестиот спортист со кој ќе привлекува внимание. На предниот дел се истакнуваат витките ЛЕД светла, спортски нискиот браник и затворената маска. На неа го нема логото на Ford, туку пркосно стои познатото дивото коњче. Вториот пар врати одлично е вклопен во купеовски спуштениот покрив. Рачки немаат, туку ќе се отвораат со прекинувачи со сензори. Задниот дел со своите меко заоблени површини е модерен и тој најмногу потсетува на Mustang. Во внатрешноста скроена без многу естетика, на звучното име скоро ништо не асоцира. Се забележуваат два невешто вклопени екрани, еден место инструмент таблата а другиот над централната конзола. Предимензиониран, на него се подесува сé во возилото вклучувајќи го и клима уредот. Впечатокот го пополнуваат проширените отвори на вентилација, модерната рачка на менувачот и панорамскиот покрив. Се мислеше и на практичноста и во Mustang Mach-E има доволно место за петмина патници. Багажникот има 400 литри, а напред се наоѓа дополнителен простор од уште 120 литри.

Почитувајќи го името што ја стекнуваше славата 55 години, Ford го опреми овој кросовер со моќни електромотори. Објавувајќи ги техничките податоци малку конфузно, од нив се гледа дека Mustang Mach-E ќе биде на располагање во пет верзии. Основната има погон на задните тркала, 258 коњски сили и батерии за 450 километри. Нејзината посилна варијанта ќе располага со 285 коњи и ќе има автономија од 600 километри. Слично е конципиран и моделот со погон на сите тркала, со тоа што кај него автономијата е нешто помала. Но затоа помоќната изведба има 337 коњски сили. Сите овие модели треба да се појават при крајот на идната година, со цени кои ќе стартуваат од 44.000 долари. Најмоќниот Mustang Mach-E GT ќе пристигне налето 2021-вата. Ќе располага со 465 диви коњи кои ќе го забрзаат до 100 километри на час за помалку од 5 секунди. Батериите со гаранција од 8 години или 160.000 километри можат да се полнат на куќна мрежа или брзи полначи. Кога е приклучен на нив, Ford вели дека Mustang Mach-E за 10 минути ќе повлече доволно струја за поминување 93 километри. Колку има вистина во ова први ќе дознаат оние што ќе го нарачаат уште сега, со депозит од 500 долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER