Струјата ќе ја предводи иднината
Објавено на 12 септември 2019 година
Хибридните Puma, Kuga, Explorer и Mondeo кои публиката во Франкфурт веќе може да ги види се само дел од електрифицираните модели со кои Ford ќе тргне по патот на иднината. Ним ќе и се придружат и Tourneo Custom како и електричен кросовер инспириран од Mustang. Но тоа нема да биде сé – европскиот директор на Ford Јерг Бајер вели дека не постои универзално решение кога електрификацијата е во прашање. Според него секој купувач има различни барања и затоа стратегијата на Ford ќе биде секому да му се понудат опции кои вистински ќе одговараат на нивните потреби. Клучниот датум е крајот на 2022 година, кога гамата на производителот треба од корен да биде променета – во корист на електрифицираните возила, секако. Најинтересни, барем на почеток, ќе бидат трите хибридни верзии на новата Kuga, меѓу кои голема надеж се полага во онаа со plug-in можности. Таа комбинира 2,5-литарски бензинец со електромотор со заеднички 225 коњски сили и пакет батерии од 14,4 kWh. Поголемиот Explorer располага со трилитарски V6 и електромотор со 450 KS и батерии кои му обезбедуваат електрични 40 km. Купувачите на малата Puma ќе можат да ја добијат со две верзии на благиот еднолитарски хибрид со 125 и 155 KS, додека пак Mondeo Wagon располага со комбинирани 187 KS.