Ford и Volkswagen со нови детали за соработката

Top News Вести

Ford и Volkswagen со нови детали за соработката

Објавено на 2 јуни 2020 година

Пред година и нешто, Ford и Volkswagen најавија идна соработка, за која деталите сé уште се прецизираат. Далеку е од некаков сојуз како кај другите, но до него лесно може да дојде, барем на полето на комерцијалните и електричните возила, како и автономните технологии. Според најновите информации, бордот на директори на Volkswagen има одобрено формално склучување договори за соработка токму на овие полиња. Во план е развивање на пикап со средна големина и еднотонски и градски комби возила наменети за глобалниот пазар, кои би се појавиле во 2022 година. Со други зборови кажано, тоа значи дека Ford Transit, Transit Custom и Ranger, како и Volkswagen Transporter, Caddy и Amarok во иднина би биле технолошки близнаци.  Ford би бил задолжен за конструирање и производство на пикапите и поголемите комби возила, додека Volkswagen би се концентрирал на помалите доставни и електричните возила. Вкупната количина на продадени лесни комерцијални возила на двете компании изнесува околу 1,2 милиони примероци.

Целта на соработката меѓу VW и Ford е да се зголеми конкурентноста преку намалување на трошоците за развој и производство. Според сите досегашни изјави, оставена е можност соработката да биде проширена и на други полиња.

 

клучни зборови: ,