Firefly – нова кинеска марка (видео)

Кинескиот Nio ја лансираше својата нова марка Firefly

Засега единствениот модел на новата кинеска марка од групата Nio иницијално беше планиран да се појави прво во Европа а потоа во Кина. Но желбите за тоа се изјаловија со воведувањето на царините кои за овој производител се поставени на 20,8 отсто. Тоа е и една од причините зошто цената на малиот електричен автомобил во Европа е поставена на 30 илјади евра што е повеќе од двојно отколку на домашниот пазар. Стартот на продажбата на Стариот континент ќе биде во Холандија и Норвешка во втората половина од годинава а потоа ќе се прошири и на други засега неспецифицирани пазари.

Дефиниран како високоефикасен автомобил за урбана мобилност кој нуди паметни и квалитетни решенија, Firefly располага со 143 коњски сили кои ќе го забрзаат до 100 километри на час за осум секунди. Батериите според WLTP нормите нудат автономија од комбинирани 330 километри но производителот нагласува дека таа во градски услови на возење се искачува и до 470 километри. Стандардното полнење од 10 до 80 отсто трае половина час а возилото е способно да напојува со струја и надворешни уреди.

Должината од четири метри и погонот на задните тркала ветуваат за оваа класа возила пространа внатрешност која е едноставно дизајнирана. На опремата која вклучува и загреани седишта и управувач не може ништо да ѝ се замери. За пофалба е и тоа што возилото може само да пронајде доволно голем простор за паркирање и автоматски да се смести на него. Покрај во Европа, Nio планира да го лансира овој автомобил уште и во Јужна Америка и некои земји географски блиски до Кина.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER