FIAT – Tipo Cross

Македонија Новитети

Новитет во Аутомобиле СК

Најшминкерската верзија на новото Tipo има кросоверски изглед и се вика Cross

објавено 23. февруари 2021

Потполното рестилизирање на моделот со големо име резултира, покрај досегашните три каросеријски изведби, со четврта која има теренски изглед. Како што беа најавени во октомври минатата година, првите примероци пристигнаа кај нас. Влезот го отвора последно најавената изведба Cross која дојде во вистинско време. Новата генерација на Tipo е потполно освежена со силен апостроф на предницата каде светла се потполно сменети и се со LED технологија.

Забележливи се зафатите на маската на ладилникот и браниците, а целата контура сега делува младешки. Во внатрешноста освежена е атмосферата со потполно нови тапацири, TFT кластерот ги замени аналогните инструменти. Ова остварување е впарено со новиот UConnect 5 радио со 10,25 инчен екран осетлив на допир кој е превземен од новиот 500. FIAT Tipo Cross е за четири сантиметри повисок од останатите изведби и изведен е по примерот на моделот 500Х. Ја има стандардната моторизација како и останатите модели. Таа започнува со новиот три цилиндерски турбо-бензинец од 100 коњи и 190 Nm при само 1.500 врт/мин. Тој ќе го смени досегашниот 1,4 литрен четири цилендерски мотор на чија адреса беа упатени најголемите критики. Дизелите имаат две верзии од семејството Multijet со работна зафатнина од 1,6 литри. Двата се во склад со Euro 6D нормите за издувни гасови без оглед дали се работи за верзијата од 95 или 130 коњи. Наскоро ќе се дознаат и цените за нашиот пазар.