Fiat e-Ducato

Вести Поглед во иднината

Олимп под опсада

Првиот електричен Ducato најавува низа адекватни производи за Европа

објавено 27. април 2021

Сега на своите квалитети со кои ги привлекува купувачите е додаден уште еден – во духот на новото време Ducato доби електрична верзија. Најавена уште пред две години, таа произлезе како резултат на стратешкото партнерство на Fiat со DHL креирано со цел преминување на возила со нулта емисија. Заради тоа Италијанците се убедени дека електричниот Ducato е идеален за задоволување на специфичните транспортни потреби на сите кои работат низ градските улици. Електричната погонска група од 122 коњски сили и 280 њутн-метри вртежен момент ќе го забрза до 50 километри на час за пет секунди. На располагање е со два пакета батерии од 47 и 79 киловат-часа со кои ќе помине до 370 километри. Може да користи полначи од 50 киловати, кои за половина час ќе му обезбедат доволно струја за стотина километри.

Треба да се напомене и дека помалите батерии имаат гаранција од 8 години или 160.000 километри,  а поголемите 10 години или 220.000 километри. Електричниот Ducato може да се добие во 400 конфигурации со  товарен простор меѓу 10 и 17 кубни метри, со носивост која изнесува скоро два тона. Од Fiat уште наведуваат дека трошоците за одржување ќе бидат за околу 40 отсто пониски отколку кај моделите со дизел мотор. Цената во Италија му изнесува 42.700 евра без ДДВ.