FIAT 500 – Претставен во Бразил

насловна Новитети

Електрична самба!

FIAT трга на струја и во Бразил

објавено 05. август 2021

Најголем пазар надвор од Европа за италијанската марка е Јужноамериканскиот континент. Таму FIAT е лидер со удел од 22 проценти. Пикапот Strada, кој штотуку е ажуриран, е најпродаваното возило во Бразил. Новиот 500 со електричен погон треба да го зајакне имиџот и еколошката посветеност на марката, но и да најави дека има решение за електрификација на возниот парк на Латинска  Америка. Уште пред 40 години FIAT започна да развива технологија со флексибилно напојување со употреба на алтернативни горива како етанол. Моторите со флексибилно гориво работат или на бензин, алкохол, етанол или со која било мешавина од овие две супстанции популарно наречено „Газола“. Етанол се произведува на лице место од шеќерна трска. Од еколошка гледна точка, предноста е што шеќерната трска е обновлив извор на енергија. Јаглерод диоксидот произведен при согорување доаѓа од растителна биомаса, а не од фосилни горива.

Така, етанолот како гориво помага да се ограничат емисиите на стакленички гасови и претставува едно од најодржливите решенија за моторни возила. Со комерцијализацијата на својот прв целосно електричен модел, FIAT сака да го отвори следното поглавје во Бразил. Тоа, најверојатно, значи дека снабдувањето на батериите во иднина може да се одвива од локална фабрика. Таквиот влог не би бил голем бидејќи Групацијата Стелантис има доминантна улога на Јужно Американскиот пазар не само со FIAT. Не смее да се заборави дека Peugeot и Citroen значително допринесуваат во зголемување на  вкупните бројки. Електрификацијата се шири со големи чекори. Иако условите наметнати од политиката претставуваат оптоварување на целата индустрија поврзана со возилата, сепак се наоѓаат солуции за забрзано глобално ширење на електричните возила.  Како што вели шефот на FIAT Оливие Франсоа „Новиот, потполно електричен, Fiat 500 е создаден за да ја преобликува одржливата урбана мобилност. Технологијата е зелена само ако е зелена за секого!“