Fiat го запира производството во фабриката во Србија
Објавено на 16 февруари 2020 година
Работниците во фабриката на Fiat во Србија отидоа на принуден одмор – причината е коронавирусот. Тој нема пристигнато во Крагуевац, но заради него нема ни делови од Кина за нормално производство на возилата. Сé до овој момент коронавирусот немаше удрено врз автомобилската индустрија во Европа – ова е прв случај заради него на Стариот Континент да биде затворен некој погон. Според компанијата, производството на Fiat 500L привремено ќе паузира меѓу две и четири недели заради недостаток на аудио системи и некои други електронски делови за кои не може да се најде замена. Ова негативно ќе се одрази на фабриката која и онака си има свои проблеми, главно заради малото производство кое се движи околу 40.000 возила годишно, со кои искористеноста на капацитетите е ниски 25 отсто. Заради тоа, може да дојде и до нејзино перманентно затворање после соединувањето на Fiat Chrysler и PSA.