Ferrari Omologata – уникат по нарачка

Ексклузивно Занимливости

Само за ултра богати

Да се има Ferrari е престиж, а уникатно изработен е уметност!

објавено 28 септември 2020

На патеката во Фиорано беше забележано уникатно Ferrari ги направи своите први кругови во краток, но интензивен ”шејкдаун”. По нарачка на европски клиент, последниот меѓу уникатните каросериски модели на ”растегнатото коњче” е динамичен приказ на вредностите на Ferrari во GT трките. Звукот на V12 моторот што грмеше на тркачката патека можеби звучеше познато, но впечатливиот изглед на автомобилот е уникатен. Со својот финиш на Росо Магма и боја типична за тркачки изведби, Ferrari Omologata е очигледно потомок на GT традицијата на марката. Проектот Ferrari Omologata беше десеттиот уникатен модел со V12 мотор сместен напред што Ferrari го промовира од P540 Superfast Aperta во 2009 година. Од првото претставување на скиците беа потребни нешто повеќе од две години. Идејата од самиот почеток беше да се создаде футуристички дизајн со карактеристични, реинтерпретирани елементи. За таа цел, дизајнерите ја истражуваа целата можна слобода врз основа на основниот пакет на 812 Superfast и од донаторот ги сочуваа само шофершајбната и фаровите како постојни елементи на каросеријата. Ferrari Omologata е направена за секојдневна употреба и плени со својата појава. Во строга тајност се чува нарачателот и цената која ја платил за овој уникат.