EuroNCAP – Green NCAP

Занимливости насловна

Eлектричните автомобили имаат предност!

Новиот еколошки тест ги потврди очекуваните резултати

објавено 03. март 2021

Green NCAP е иницијатива на организацијата за заштита на потрошувачи Euro NCAP и во фокусот се испитувања на возилата за нивните еколошки својства врз основа на примерот на ADAC Ecotest. Главното внимание е посветено на емисиите на штетни издувни гасови продукт на автомобилите. Значи, не е изненадувачки што само електричните автомобили во моментов се оценети со пет ѕвезди! За разлика од постариот ADAC Ecotest, новиот процес не вклучува анализа „од изворот до тркалото“, која ги зема во предвид загадувањата иницирани од производството на електрична енергија.

Во тест постапката воведена минатата година, до сега се проценети 49 од најпродаваните автомобили во Европа. Hyundai Kona Elektro и Renault Zoe досега имаат постигнато највисок скор од десет поени од сите поединечни дисциплини. Hyundai има потрошувачка на енергија од 22,2 kWh на 100 km и може да помине 202 километри со 39,2 kWh стандардна батерија инсталирана во тест возилото. Renault Zoe поминува 319 километри со батерија од 52 kWh, со потрошувачка на енергија од 22,3 kWh на 100 км.

Тестот се изведува на минус седум степени Целзиусови. Потрошувачката на енергија за загревање на ентериерот е значителна и тоа беше каменот на сопнување на третопласираниот VW ID 3. Неговата потрошувачка на енергија е значително поголема од онаа на конкуренцијата при ниски температури што резултира со намален опсег во зима. Тестираните приклучни хибриди или хибридни модели значително се разликуваат во однос на чистотата и ефикасноста.

Од вкупно шест електрични возила со ”скратено работно време“, четири влегуваат во првите десет. Неспорен предводник е Toyota Prius Plug-in Hybrid, кој работи подобро од повеќето автомобили со мотори со внатрешно согорување, но сепак заостанува многу зад петте sвезди на чисто електричните возила бидејќи отисокот на животната средина со полна батерија е само еден аспект на зелениот тест на NCAP.

Моторот со внатрешно согорување исто така мора да биде ефикасен и чист ако се користи PHEV за долги растојанија и не постои можност за полнење на возилото. Mitsubishi Outlander 2.4 PHEV го прави ова само несоодветно. Со тежина од нешто помалку од 1,9 тони, троши многу во сите ситуации на возење. Исто така, опремен е со филтер за честички што обезбедува зголемени емисии на честички при негова регенерација. Тоа е доволно само за две sвезди и место во долната третина од рангирањето за теренецот, кој е популарен низ цела Европа.Кога станува збор за моторите со внатрешно согорување, води Škoda Octavia 2.0 TDI Combi, што се должи на скромната моќност на дизелот од 110 КС, одлично координираниот индикатор за менување брзини и современиот систем за чистење издувни гасови со двоен SCR катализатор. Чешкиот караван постигна 3,5 од пет можни sвезди.