DS 9 » Французите се враќаат во премиум сегментот

Top News Новитети

Французите се враќаат во премиум сегментот

И покрај слабите продажни резултати, инаетливи во однос на германската конкуренција Французите никако не се откажуваат од премиум сегментот

Објавено на 26 февруари 2020 година

Секој пат со различен модел но со иста намера – Французите и покрај продажните резултати не се откажуваат од премиум сегментот. Најновиот нивни предизвик доаѓа под ознаките на DS, премиум марката на Citroen. Бројката 9 треба да каже дека се работи за најдоброто од најдоброто, што во овој момент значи дека е луксузен модел изведен од Peugeot 508 со кој директно ќе се конкурира на Audi A5 Sportback и Volkswagen Arteon. Во однос на нив ќе предничи со меѓуоскиното растојание од дури 2,8 метри, но ќе каска со основниот1,2 литарски турбо трицилиндричен мотор. Тој рака на срце во комбинација со хибридниот систем ќе развива 225 коњски сили, кои на предните тркала ќе се пренесуваат со помош на осумстепениот автоматски менувач. Се споменува и верзија со погон на сите тркала со посилен мотор кој би можел да развива и 360 коњи, но за неа деталите ќе ги дознаеме малку подоцна. Она што сега треба да го знаеме е дека хибридниот систем треба значително да ја намали потрошувачката на гориво, со оглед на тоа што овој модел има нешто поголема батерија од вообичаеното со која само на струја може да помине меѓу 40 и 50 километри. Исто така до брзина од 135 km/h на автопат оваа лимузина ќе вози само на струја.

Покрај стандардната безбедносна технологија, DS 9 ќе биде опремен и со втор степен на автономно возење. Низата сензори заедно со системот за активно ослонување ќе ги скенираат сите недостатоци на патот и ќе го прилагодуваат DS 9 за возењето да биде што поудобно. Ентериерот е уреден минималистички и доста луксузно. Преку големиот централен дисплеј ќе се контролираат голем дел од функциите на возилото, а пред возачот ќе се наоѓа дигитализирано опкружување кое ќе му ги пружи сите потребни информации за возењето. Покрај тоа, се нуди и таканаречената DS Inspirations услуга која им овозможува на купувачите да ја уредат внатрешноста според сопствениот вкус бирајќи различни материјали како кожа или алкантара, посебни осветлувања или некои технологии.

Францускиот производител ч наведува дека DS 9 ќе стигне на светските пазари кон средината на оваа година, а цената сé уште не е позната.

клучни зборови: , ,