На Dreame автомобилите му останаа само соништа (видео)

Видела жабата…

Како и други технолошки компании, и кинескиот производител на правосмукалки Dreame основан во 2017-тата виде перспективен бизнис во автомобилите. Амбициите им досегаа до небо – буквално, бидејќи еден од нивните замислени модели требаше да има ракетен погон и до 100 километри на час да забрзува за едвај 0,9 секунди. Но уште на почетокот сé изгледаше премногу сомнително.

Што всушност се случи? Објавувајќи ги автомобилските амбиции, компанијата ветувајќи им големи плати собра тим од скоро илјада луѓе, голем дел врвни стручњаци во својата област. Тие имаа конкретни задачи – да развијат автомобили какви никој друг немаше и не можеше да направи. Првите идеи беа контроверзни – моделите многу наликуваа на копии на Bugatti Chiron и Rolls-Royce Cullinan. Се најавуваше почеток на производството за 2027-мата, па дури и фабрика во Германија.

Следеше суперавтомобилот наречен Nebula Next 01 чии спецификации кажуваа дека има четири електромотори и 1.876 KS. Прототипот беше изложен на CES годинава но публиката во Лас Вегас виде само школка без никаква конкретна технологија внатре. Сепак ни негативните реакции не ги запреа Кинезите, направија и негова верзија на ракетен погон која беше уште поголема лага.

Сега веќе сé е јасно. Вработените во автомобилското одделение кои започнаа да добиваат откази сфатија дека целата приказна беше само еден голем маркетиншки трик да се сврти вниманието на јавноста и да се соберат пари од инвеститорите. Ситуацијата засега официјално не е потврдена од Dreame, веројатно заради контролите што државните институции им ги испратија за да проверат како би ги трошеле евентуалните субвенции што би ги добиле.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER