Leapmotor B10 сега се произведува во фабриката Stellantis во Сарагоса, Шпанија.
Kинескиотчлен на групацијата Stellantis за неговиот кросовер В10 добива етикета „Произведено во Европа“. Со оптимизирањето на своите производствени капацитети во Европа Stellantis отстапи место за производство на својот кинески партнер. Сега В10 се произведува во истата фабрика каде што се произведуваат Opel Corsa, Peugeot 208 и Lancia Ypsilon.
За Leapmotor, производството на B10 во Шпанија е уште еден чекор во стратегијата за интернационализација на компанијата. Европа е клучен столб на нејзиниот план за глобален раст. Понатаму, овој потег му овозможува на успешниот стартап да ги избегне царините на ЕУ за кинеските електрични возила.


