Со посебен настан одржан пред 15 илјади луѓе Mercedes прослави 140 години.
Покрај потсетувањето на многуте значајни моменти од пребогатата историја главниот акцент беше ставен на новиот електричен супер теренец AMG GT SUV.
Технички блиску поврзан со веќе познатото купе, ќе ги има сите негови карактеристики и спецификации и ќе доаѓа во три верзии со максимална моќност меѓу 544 и дури 1.169 коњски сили.
Со нив забрзувањето до сто ќе трае 2,7 секунди додека максималната брзина изнесува 270 километри на час. Но и покрај перформансите на суперавтомобил практичноста и удобноста на широкоградата каросерија се задржани.
Посебно внимание е посветено на батериите и брзината на полнење. Во понуда се два пакети од 106 и 128 киловат-часа опремени со напреден систем на ладење на ќелиите. Максималната моќност на полнење достигнува 710 киловати а автономијата до 700 километри.
За него е развиено ослонување кое активно го контролира навалувањето на возилото при забрзувања, запирања и во свиоци. Активна е и аеродинамиката која го прилагодува протокот на воздух додека задните тркала се управувани. Овој прв теренец на Mercedes развиен посебно за AMG одделението а не на основа на некој постоечки модел ќе чини 113 илјади евра.


