Достоен наследник на 458 Speciale
Екстремната изведба на Ferrari 488 GTB своето име го оправдува со 3,9 литарскиот битурбо V8 мотор со 720 KS
Објавено на 10 март 2018 година
Се зборуваше дека ќе ја носи ознаката GTO, но во Ferrari се одлучија екстремната изведба на 488 GTB да ја наречат Pista. Оној наследник на 458 Speciale својата уверлива ознака ќе ја оправдува со навиениот V8 мотор, од чии 3,9 литри зафатнина турбо компресорите истиснуваат 720 расни коњи. Подготвени за спринт до сто за 2,85 секунди и галоп до максимални 340 километри на час, тие ќе го привлекуваат вниманието на оние кои се интересираа за Lamborghini Huracan Performante и Porsche 911 GT2 RS. За да биде подобар од нив, Ferrari 488 Pista има за 50 килограми намалена тежина и максимално е фокусиран за зголемување на уживањето во возењето. Погонот останува на задните тркала, преку 7-степен менувач со двојна спојка и самоблокирачки диференцијал. Унапредената аеродинамика ја зголемува силата на прилепување за 20%. Оние кои стремат кон совршенство ќе се одлучат за тркалата од јагленородни влакна, кои се за 40 отсто полесни од алуминиумските.