Доминација во секој поглед
Како што вети на салонот во Детроит, Mercedes ја подготви новата G-класа во својата AMG верзијата
Објавено на 21 февруари 2018 година
Иако веќе споменувањето на трите букви AMG кажува многу, сепак не кажува сé за новиот Mercedes G63. Но затоа првиот поглед јасно ја диференцира од стандардната изведба на новата генерација на легендарниот теренец. Маската, браниците и светлата се поинакви и не оставаат дилема за каква ѕверка се работи. Зад нив се крие битурбо V8 моторот од AMG 63 серијата, кој од своите четири литри зафатнина извлекува 585 коњски сили. Преку менувач со двојна спојка тие се пренесуваат до 22-инчните тркала кои ќе ги свртат до максимални 240 километри на час. Звукот што доаѓа од издувните цевки поставени од страна пред задните тркала ќе го дигне адреналинот до небо при забрзувањето, кое до 100 километри на час ќе трае само 4,4 секунди. Притоа модификуваното ослонување и засилените сопирачки ќе ги кротат предизвиците, а ентериерот во луксузен AMG стил ќе потсетува дека со овој теренец може и да се ужива во елегантно возење.
видео