Докази за постоењето наследник на Mercedes-AMG SLR

Докази за постоењето наследник на Mercedes-AMG SLR

Најновите вести за наследник на Mercedes-AMG SLR премногу се детални за бидат измислени, или нам само така ни се чини?!
Објавено на 5 декември 2015 година

Не чекајќи уште еднаш да бидат демантирани, заговорниците на теоријата дека развојот на наследникот на Mercedes-AMG SLR никогаш не бил прекинат или доведен во прашање излегоа со докази за своите тврдења. Имено, веднаш по изјавата на директорот на Mercedes-AMG Тобијас Мерс дека не се размислува за нов хиперавтомобил, дел од германските медиуми објавија дека производителот со трикрака ѕвезда сé уште има активни проекти за развој на нова генерација на SLR, кој престана да се произведува во 2010 година без наследник.

Според нив, заради лошиот економски период Mercedes тогаш отстапи од оваа територија на која веднаш се вселија Porsche 918 Spyder, McLaren P1 и слични други модели. Но сега времињата се сменија и одлуката да не се остави на заборавот еден ваков модел добива на актуелност. Тие тврдат дека Mercedes во моментов се премислува дали идниот SLR да има централно или напред сместен мотор. Ако победат аргументите за второто, тогаш тој би бил поставен на новата платформа што се развива за идната генерација на SL. Во тој случај за погон би бил задолжен навиен V6 мотор кој своите 650 коњски сили би ги праќал на задните тркала, а предните би добивале нешто сила од дополнителен електромотор. Доколку пак се одлучат за централно поставен мотор, тоа би бил сосема поинаков тип возило, со хибриден погон со околу илјада коњски сили. Во оваа помалку веројатна варијанта производството на идниот SLR би било ограничено на само 750 примероци. Во другиот случај постоењето лимит не е потребно.

Што (и дали) ќе биде не се знае, но оние кои веруваат во тоа како финален доказ ја цитираат токму дел од изјавата на Мерс, во кој се вели дека Mercedes во моментов и во блиска иднина нема капацитети за развој и производство на еден ваков модел, што навистина не ја исклучува можноста за постоењето планови и активни проекти за наследник на SLR. Тоа што во остатокот на изјавата се кажува дека за ваков модел нема финансиска оправданост и дека тој не се вклопува во портфолиото на Mercedes кој има други поважни приоритети отколку егзотичен хиперавтомобил, едноставно го занемаруваат. Заради големата побарувачка, Mercedes го зголеми производството на V12 мотори, кое во иднина ќе се одвива на нова локација, а ослободените капацитети ќе бидат искористени за помоќни верзии на V8 машините.

Mercedes-AMG GT

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER