За да ги демонстрира способностите на својот теренец Denza B5, BYD под чија капа делува овој бренд направи неверојатен тест – прикачи Boeing 747 за да го повлече.
Првиот пат Џамбоџетот беше повлечен со сите четири тркала на Denza B5, вториот со едно извадено а третиот пак само со две тркала на возилото.
Уште повеќе фасцинира фактот што авионот тежок 180 тони беше влечен вкупно 1.600 метри. Возилото беше опремено со стандарден плаг-ин хибриден погонски склоп кој испорачува 544 коњски сили.
Покрај посебната кука за влечење имаше стабилизатори и дополнителен баласт за спречување на пролизгувањето на тркалата бидејќи асфалтот беше влажен. Целиот подвиг беше изведен на британскиот аеродром Дансфолд.


