Сега како електричен спортист
објавено на 15 февруари 2022
Нема кој не чул за DeLorean, кој со своите крилести врати и улогата што ја имаше во серијалот „Враќање во иднината“ стана култна автомобилска и филмска икона. Неговата приказна заврши лошо, но сега компанијата што го носи истото име иако нема никаква врска со оригиналниот производител, го најави неговото враќање. Во веста придружена со кратко видео насловено како „Иднината никогаш не била ветена“ се гледа силуета од автомобил за кој не се објавени никакви детали, освен дека ќе биде електричен. Но истото видео го објави и Italdesign, што значи дека познатото италијанско студио ќе биде вклучено и во новиот проект, исто како што беше и во развојот на оригиналот од 1981-вата. Како и да е, модерната интерпретација на легендарниот автомобил треба да ја очекуваме уште годинава.


