Делфино Мобилити груп – Балканска премиера на Geely Starray

Вчера во Александар Палас се случи уникатен настан. По повод инаугурацијата во увозник за Geely за Макдонија, Делфино Мобилити груп не почести со ексклузива што до сега се нема случено кај нас.

Зад оваа новоформирана компанија стои две децениско искуство успешен семеен бизнис кое се надополнува со отворање на уште едно поглавје, овој пат во секторот на увоз на возила.

Geely, најголемиот кинески производител на возила успешно ја проширува дистрибутивната мрежа на стариот континент. Од оваа стратегија не отстапува ниту од настап на малите пазари. Кога започна со работа Делфино Мобилити груп ги претстави кросоверите Atlas Pro и Coolray, но вети дека во блиска иднина понудата ќе биде проширена.

По пригодните говори на кинескиот амбасадор, претставник на дистрибутерот Geely Adria и сопствениците на ДМГ следеше несекојдневно изненадување. Помпезно се претстави најновиот адут, исто така кросовер, Starray.

Ова беше вистински куриозитет бидејќи само во неколку европски држави Starray е виден, а на балканот дефинитивно првпат. Модерниот и атрактивен изглед проследен со проверена технологија што е превземена од реномираниот Volvo, член на групацијата Geely, заедно со шест годишната гаранција и, најавената пристапна цена, наскоро ќе биде на нашите улици.

Судејќи според прикажаното Starray ќе стане сериозна конкуренција на традиционалните кросовери. Очекувајте го наскоро тестот на Starray. Ние сме веќе нетрпеливи да го возиме.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER