Dacia продаде 2 милиона примероци на Duster

Приказна за еден голем успех

oбјавено на 4 февруари 2022 година

Пред кратко време Dacia се пофали дека од основањето во 1968 година досега има продадено 7 милиони возила, попат споменувајќи дека 2 милиони од нив се од моделот Duster. Знаејќи дека романскиот „прашинар“ се појави пред 12 години, овие бројки сами за себе кажуваат за неговиот успех. А формулата беше едноставна – токму како и самиот автомобил. Тој беше и сé уште е олицетворение на умно избалансираните карактеристики, но оние со кои автомобилските производители не сакаат да се пофалат: евтината и издржлива изработка, сосема солидните теренски својства па дури и инаетливиот однос кон сé што претставува тренд. Со ова тој освои многу патишта низ светот – од неодржуваните балкански преку студениот Сибир до пустинските подрачја во Африка. Притоа задоволувајќи ги потребите на разни целни групи купувачи, од семејствата на кои им требаше возило да стигнат до своите домови некаде високо во Алпите, преку разните компании и служби кои без разлика на временските (не)прилики мораа токму кога треба да отидат каде треба до сите оние кои сметаа дека мора да бидат подготвени токму за тоа.

Користејќи ги придобивките што е дел од групата Renault, Dacia Duster се произведува или се произведуваше во повеќе земји низ светот – Романија, Бразил, Русија, Индија, Колумбија, Индонезија… На различни пазари настапува под различни ознаки, како Dacia, Renault или Nissan и со различни имиња. Но без разлика како е облечен, секаде освојува со истите карактеристики – пристапната цена, робусноста и скромните барања што ги има. Затоа и не треба да биде никакво изненадување што своите купувачи Duster најмноги ги има најдено во Фрација, Италија и Германија каде се пласирани безмалку половината од сите произведени примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER