Новиот семеен пријател

Dacia се шири во сегментот на компактни автомобили

објавено 04. септември 2021

На почетокот имаше само едeн модел со цел да овозможи евтина мобилност.  Тие денови поминаа, а во меѓувреме Dacia се етаблираше меѓу современиците кои се свесни за вредностите и постепено го прошири портфолиото. Сега следи следниот чекор, ширење на компактната гама со кросоверот Jogger. Создаден е простор за три реда седишта на 4,55 метри должина, така што седум лица можат да најдат доволно место. Во тој случај просторот за багаж се намалува на 215 литри од 708 што се на располагање кога се користат само  пет седишта. Генерално, просторот за складирање може да се прошири до 1819 литри.

Дополнителни ремени и центри за врзување го обезбедуваат товарот, а благодарение на нискиот праг за полнење лесно е користењето. Во однос на дизајнот значителна е инспирацијата од Duster. Сепак формата на каросеријата потсетува на комбето Dokker кое нема да има наследник. Мешавината од семеен транспортер и кросовер е компатибилна со луѓето кои го сакаат активниот начин на живеење. Оваа клиентела треба да го цени великодушното растојание од земја од 20 сантиметри, но со тоа и завршува соодветноста на теренот. Jogger е достапен само со погон на предните тркала.

Како и обично со Dacia, ентериерот има функционален дизајн, квалитетот на изработката е соодветен, така што употребата на компромисни решенија, како што е тврдата пластика, паѓаат во втор план. Покрај класичните инструменти, централно поставениот 3,5-инчен екран во основната верзија обезбедува контакт со дигиталниот свет. Покрај едноставниот систем за контрола на медиумите што може да се поврзе со паметен телефон, верзиите Media Display и Media користат монитор од осум инчи и овозможуваат целосен контакт со дигиталниот свет.

Инженерите на Dacia како погон го избраа новиот еднолитарски трицилиндричен турбо-бензинец кој произведува 110 КС, постигнува вртежен момент од 200 Nm при 2900 вртежи во минута и ги пренесува преку рачен менувач со шест брзини. Од март Jogger може да се нарача со погон на течен гас. На почетокот на 2023 година ќе се надополни понудата со хибриден погон со кого 80 проценти од градските патувања ќе бидат електрични и без емисија на штетни гасови. За ова улога Dacia комбинира 1,6-литарски бензински и два електрични мотори, кои се снабдуваат од литиум-јонска батерија со капацитет од 1,2 kWh. Според првичните информации основната изведба на Jogger ќе чини околу 15.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER