Dacia – Duster

насловна Новитети

Прашина се крева…

Од неговото претставување во 2010 Duster стана пример за успех

објавено 23. јуни 2021

За десет години производство и продедени околу два милиони примероци дојде време да се обнови втората генерација на популарното спортско-корисно возило од Питешти. За таа пригода редизајниран е предниот дел, ентериерот е  ревидиран и ажуриран е инфо-забавниот систем во кабината.

Објавените промени кај Dacia Duster ќе бидат аплицирани од новата моделска година која настапува на пазарот од септември. Од актуелниот модел се разликува со новиот светлосен потпис кој содржи дневни LED светла во форма на хоризонтално поставената латинична буква Y, а истата технологија е употребена кај трепкачите што е заа прв пат направено во некој модел на Dacia. Ново дизајнираниот спојлер на покривот, заедно со оптимизираните тркала од лесна легура, ја зголемуваат аеродинамиката. Тоа само ја дополнува информацијата дека е намалена емисијата на СО2 од 5,9 грама на километар за варијантата со погон на сите тркала.

Во внатрешноста амбиентот е подобрен со нови ткаенини, модифицирани потпирачи за глава и нова централна конзола со лизгачки потпирачи за раце. Понуден е нов медиумски систем со осум инчен екран осетлив на допир, интеграција на паметни телефони и два USB порта. Информациите за возилото и податоците за потрошувачката може да се повикаат на корисничкиот интерфејс. Покрај тоа, верзијата со погон на сите четири тркала има монитор кој обезбедува информации за важните параметри како се исползува преносот заедно со информациите за положбата на возилото по надолжната оска (страничен наклон) и наклонот на возилото при искачување или спуштање на теренот надополнети со, за теренските возачи, важни податоци за моменталнат надморска височина и компасот.

Моторите, исто така, се ревидирани и поефикасни. Тие во потполност ја исполнуваат најновата градација на Еуро6 стандардот и ги има за сечиј вкус. Дизелот го застапува 1,5 литрениот dCi со 115 КС кој се врадува во двете варијанти на погон, на предните или на сите тркала, но оди само со мануелен менувач. Ист е случајот со бензинците каде верзиите TCe 90 и TCe 130 се само за погонување на предните тркала. Најсилната TCe 150 има изведба со погон на сите тркала и со автоматски менувач. Интересна е верзијата ECO-G 100 која е опремена да работи на бензин и плин поради што може да помине со двата резервоари 1.250 километри без полнење.