Dacia го аплицира новото лого на своите возила

Новиот визуелен идентитет на дело!

Новиот визуелен идентитет означува пресврт во дизајнот и ги одразува заложбите за иднината, но и вредностите што ја прават Dacia толку успешна. Сите нарачани возила од средината на јуни, а првите испораки се очекуваат во последниот квартал од годинава, ќе го понесат новиот заштитен знак на марката. Минималистичките букви „D“ и „C“, испреплетени како синџир, формираат сосема нов амблем што ја рефлектира робусната едноставност на новиот дизајн. Друга видлива промена се однесува на изгледот на логото на задниот дел како и на воланот. Само неколку месеци беа доволни да се обнови и освежи гамата. Електричниот Spring и просторниот Jogger се најновите продукти додека Duster и Sandero, Stepway и Logan добија адекватни естетски зафати. Сега Dacia може да се пофали со нов визуелен идентитет на целата палета возила. Покрај обемната трансформација, Dacia остана доследна на своите основни вредности, што значи дека ќе продолжи да произведува возила без непотребни додатоци, приспособени на најосновните потреби и очекувања на клиентите. Такви ќе бидат материјалите во внатрешноста чии текстури во потполност ги заменуваат природните избегнувајќи ја употребата на кожата или волната. Возилата на Dacia се разноврсни во целосна смисла на зборот и можат да се експлоатират за различни цели, без разлика дали се користи во урбани услови или за викенд патување во дивината. Првите примероци со новото лого треба да започнат да се испорачуваат во последното тримесечие на годината, а светската премиера е закажана за Парискиот мотор шоу закажан за октомври.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER