Иако е во криза, Porsche се фокусира на она што го прави најдобро – спортски автомобили. Не е првпат во последниве години Porsche да претстави впечатлив нов концепт на суперспортски автомобил. Mission S е обид на компанијата работите повторно да ги постави на вистинскиот пат иако Porsche не потврди експлицитно дека Mission S ќе влезе во сериско производство во прикажаната форма, но потврди дека се работи на нов суперспортски автомобил кој го поседува истиот визионерски дизајн.


