Czinger – 21C

насловна Новитети

Термо-електрична бомба

Бројот на милијардерите во светот расте и понудата на играчки за нив…

објавено 02. јуни 2021

Со предвиден ограничен број на произведени примероци, агресивен изглед и перформанси на кои би завиделе и тркачките тимови се појавува Czinger 21C. Овој автомобил го сврте вниманието на себе пред две години кога од заклучената Женева виртуелно беше претставен.

Иако не влезен во сериско производство ги доживеа своите први подобрувања за да ги подржи возните својства. Предвиден да се испорача само во 80 примероци неговата широчина е зголемена на повеќе од два метри додека погонот останува ист како на промоцијата. Наменет на супер богатите вљубеници на автомобилите тој најавува импресивни параметри.

Поради тоа кабината може лесно да се трансформира од тркачка во ”цивилна“. Возачката позиција е централна а има можност да се стави задна клупа за уште двајца патници. Целосната механика е направена од сопствени сили и конструктори. Се знае дека V8 моторот има зафатнина од 2,88 литри кои се набилдани со две турбини. На тоа е додаден хибриден систем кој користи 800 волтна технологија и се напојува од регенерирање на енергијата.

Од таму се хранат двата моќни електро мотори со што е добиен пренос на силата на сите тркала. Оваа комбинација овозможува 1.250 КС кои, со адекватна доплата, може да се зголемат за уште 100 КС! Севкупната тежина е рамна на коњските сили па односот на силата и тежината е 1:1. Наведените податоци Czinger ги потполнува со најавените динамички својства кои делуваат фантастично.

Декларирани се забрзувања од мирување и тоа до 100 км/ч трае секавични 1,9 секунди, до 300 км/ч 13,8 а до 400 км/ч 27,1 секунда. Брзиномерот запира на 450 км/ч! Само од таборот на Czinger избегнуваат две информации… Кога ќе почне да се продава и по која цена?