Cupra – Formentor VZ5

Вести насловна

Во чест на роденденот

Пред три години Cupra ја отвори својата „гаража“ во Барселона.

објавено 25. февруари 2021

Само три години постоење, но идејата со која стапи на пазарот Cupra секојдневно расте и го зголемува својот асортиман. Јасна е определбата кон електриката, но не се заборава монатото. Промовирањето на првите модели беа во знакот на спортските верзии на матичната марка SЕАТ. Оттогаш, динамичното потомство од Марторел продаде 65.000 возила, со двоцифрен раст секоја година. Во исто време, во согласност со третата година од своето постоење, компанијата за прв пат ја надмина марката од една милијарда евра. Со Formentor, Cupra го претстави својот прв независен дизајн минатата година и, со електрифицираната верзија, покажа како компанијата ја замислува својата иднина. До 2030 година Cupra ќе биде електричен бренд. Засега половината од направените примероци на Formentor се електризирани. Пред Cupra да влезе во светот на електромобилноста, претставена е посебена изведба. Formentor VZ5 уште еднаш го слави моторот со внатрешно согорување.

Под хаубата на спортскиот кросовер, за кој дизајнерите на гаражата Cupra прилагодија независен изглед, сместен е пет цилиндричен мотор од полицата на Audi од 390 коњи и вртежен момент од 480 Nm. Очигледно постои многу посебна врска помеѓу Барселона и Инголштад, бидејќи кога Volkswagen сакаше да го преземе 2,5-литарскиот TSi мотор, одговорните во Audi не им удоволија. Планирано е производство од само 7.000 единици а ќе се најде на пазарот до крајот на годинава. На мускулестиот Formentor VZ5 потребни му се само 4,2 секунди за спринтот до стотка, па во потполност се оправдува наставката VZ што на шпански јазик значи „veloz“ (= брз). Возачот и копилотот се добро сместени на спортски школкести седишта и опкружени се дигитален амбиент и електронски лимитирана крајна брзина од 250 км/ч.

Електричната иднина на Cupra е отелотворена во компактниот Born, кој ќе биде достапен кај дилерите до крајот на годинава. Освен ветениот опсег од повеќе од 500 километри, сè уште не се познати поединостите. Платформата на ID-3 е дополнително развиена од шпанската страна во насока на забавно возење и динамика. Born има своја поставеност на шасијата, управувачот и свој асортиман на пневматици, а ќе се понуди варијанта со повисоки перформанси. Покрај тоа, Born ќе добие функција за зајакнување што не е достапна во другите е-модели во групацијата Volkswagen. Во развој е апликација која обезбедува кратки информации за дополнителни услуги.

Willе ќе биде достапен за варијантата со оптимизирани перформанси во режимот Cupra. Кога станува збор за технологијата на батерии, марката во иднина ќе се потпира на комбинација на литиум-железо фосфат, што е поевтино и обезбедува поголема безбедност на батеријата, но нејзиното производство нема да започне во следните пет години. Со цел да се намалат глобалните емисии се зголемува употребата на чиста енергија, но ќе помине долго време додека сите автомобили ширум светот се електрифицираат.