Cupra DarkRebel – Максимална провокација (со видео)

Тајната е откриена

Следејќи го гласот на народот, Cupra го пресели концептот DarkRebel од виртуелниот во реалниот свет

Со денешните компјутерски технологии, дури и без дизајнерски вештини лесно е да се нацрта автомобил што ќе собори од нога. Но тоа да се материјализира, да се постави на тркала, тоа е нешто друго. Тоа го можат само најхрабрите, оние кои се подготвени да ги поместуваат границите на дизајнот и перформансите. А Cupra е токму тоа и затоа концептот DarkRebel е навистина пријатно минхенско изненадување.

Обоен во енигматична темна виолетова нијанса со различни бакарни акценти, при неговото обликување шпанските дизајнери земаа предвид преку 270.000 конфигурации од членовите на Cupra Tribe. Податоците собрани од виртуелниот хиперконфигуратор се компримирани во финалниот дизајн на DarkRebel, кој за четири месеци прејде од виртуелниот во реалниот свет. Резултатот е чистокрвен електричен спортист со две седишта кој покрај футуристичкиот изглед поседува извонредни технологии кои поттикнуваат страст и го докажуваат бунтовничкиот начин на размислување на марката. Со својот дизајн и перформанси ги руши сите постоечки стандарди и пркоси на сé она што сме навикнале да го гледаме кај стандардните автомобили.

Чудниот начин на размислување доведе до тоа и покрај јасното значење на неговото име осветлувањето да биде клучен елемент во неговиот изглед, почнувајќи од логотипот. Радикално остриот преден изглед одбележен е со иконскиот триаглест светлосен потпис кој излегува од каросеријата, оживувајќи го автомобилот. Концептот на ова осветлување е заснован на разбивање на логото на Cupra на три триаголници кои се применуваат како дневни светла. Со широките рамења, долгата хауба и ниската кабина акцентот е ставен на возачот и неговото задоволство во возењето. Накратко, DarkRebel е дизајниран да отвори нова димензија во која желбите и емоциите стануваат опсесија. Тоа ќе го овозможи електричната механика за која во овој момент не стана збор.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER