Continental » Во новата година со нови победи

Во новата година со нови победи

PremiumContact 6 пневматикот на Continental е победник на тестот за летни пневматици на германските, австриските и швајцарските авто клубови -ADAC, ÖAMTC и TCS

Објавено на 1 март 2020 година

Во своите тестови, автомобилските клубови од германското говорно подрачје ADAC, ÖAMTC и TCS подложија повеќе летни пневматици со димензии 225/40 R 18 и 235/55 R 17. Меѓу 18-инчни пневматици за возилата од компактната и средната класа, Continental PremiumContact 6 споделувајќи го првото место се искачи на врвот. Меѓу 17-инчните пневматици пак, наменети за средно-големи SUV модели, комби возила и други поголеми автомобили, EcoContact 6 беше оценет како „задоволителен“ (ADAC) и „ препорачан“ (ÖAMTC/TCS). Во своите тестирања, наведените автомобилски клубови ги користеа VW Golf GTi за поголемите пневматици и Ford Kuga за оние за SUV моделите. Во своите оценки за PremiumContact 6 тие првенствено ги истакнаа неговите многу добри пневматици на влажен коловоз. „Врвни резултати на влажно (пред сé за сопирање и управливост“, заклучија тие. Во другиот тест, EcoContact 6 доби врвни оценки за потрошувачка и абење на гориво и добар на сув коловоз.

18-инчните пневматици кои се тестираа се погодни за компактните автомобили како што е VW Golf и за моделите од средна класа, на пример BMW серија 3 и Mercedes C-класа. 17-инчните пак се наменети за средно-големите возила како што е SUV моделот Ford Kuga или комбито VW T6 Transporter, но и за поголемите лимузини како што се Mercedes-S класа и Audi A7 исто така се опремени со оваа димензија пневматици.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER