Citroën – ë-Berlingo Van

насловна Новитети

Кој рано рани…

Промовирањето на ë-Berlingo Van е четири месеци пред неговата комерцијализација

објавено 16. јануари 2021

Citroën го претстави ë-Berlingo Van, електрична верзија на лесното комерцијално возило, нудејќи поголема продуктивност за професионалните клиенти преку употреба на комплетно нови технологии, без промена на карактеристичната модуларност и капацитет на товарниот простор. Во зависност од режимот на возење, литиум-јонската батерија на ë-Berlingo Van од 50 kW овозможува дострел и до 275 километри со едно полнење. Двете верзии на ë-Berlingo Van, го користат погонскиот систем на е-CMP платформата на, имаат ист капацитет на батеријата, развивајќи опсег, доволен за дневните патувања за поголем дел од корисниците во овој сегмент. За максимирање на опсегот, погонскиот систем кај ë-Berlingo Van ја обновува енергијата за време на фазите на сопирање или забавување на возилото. За засилена обнова на енергијата, треба да се активира копчето со ознака B сместено на централната конзола. Батеријата се наоѓа под седиштата и подот во товарниот дел. Според тоа, нема влијание на корисната зафатнина. Батеријата има гаранција од 8 години или изминати 160 000 km за 70% од капацитетот на полнење на крајот од овој гарантен период. Сертификатот за капацитетот на батеријата се издава по проверка по 1 година или 20 000 km, а понатаму по секое сервисирање, на секои 2 години или по изминати 40 000 km. ë-Berlingo Van се придвижува со електричен мотор кој управува со влечењето во согласност со избраниот режим на возење и условите при возење.

Неговата моќност од 100 kW и 260 Nm овозможуваат да се достигне максимална брзина од 130 км/ч, без оглед на користениот режим. Овие различни режими можат да бидат избрани преку специфична команда на конзолата. Во модусот Normal на располагање се 80 kW и 180 Nm комбинација што овозможува идеален компромис помеѓу автономијата и динамичните движења. Следува Еco со скромни 60 kW, но одлични 190 Nm кои ја оптимизираат потрошувачката на енергија со намалување на употребата  на греење и климатизација, без притоа да дојде до нивно оневозможување и со ограничување на вртежниот момент и моќта. За крајните граници задолжен е модусот Power способен да испорача 100kW и 260 Nm доволни за перформанси на возилото за поголем комфор во услови на  максимално оптоварување. На располагање се три можности за полнење, почнувајќи од наједноставниот приклучок, па сè до супер брзо полнење кое ги полни батериите на 80% за 30 минути. ë-Berlingo Van може да транспортира две до три лица и доаша во две верзии: М од 4,40 m и XL од 4,75 m. Поделен е во две одделни поделби: мал фургон во две големини М и XL и мал фурон со длабока кабина, достапен во големина XL. Со висина од 1,84m, возилото има пристап до сите видови паркиралишта. Купувачите пак, ќе имаат пристап до ë-Berlingo Van од средината на годинава кога се планира негово лансирање на клучните пазари.