На пролет, кога ќе биде комерцијално претставен, Berlingo ќе се збогува со моторите со согорување во ЕУ

Кога Citroën го промовираше Berlingo пред 27 години, Французите започнаа нов сегмент. Со моделот дизајнерите ги комбинираа карактеристиките на мало комбе за трговија и малопродажба со карактеристики на семејно комбе, што беше со задоволство прифатено од купувачите поради добриот изглед и рационалната цена.

Тоа беше иницијалната каписла што ја покрена лавината на адекватни модели од речиси сите производители. Со новата верзија, која ќе биде лансирана претстојната пролет, Berlingo на пазарите на ЕУ ќе се збогува со класичните мотори и се префрла на струја.  Ќе го движи електричен мотор со 136 КС, кој заедно со батеријата од 50 kWh, треба да постигне автономија од 320 километри според циклусот на WLTP, што во реалноста ќе дофрла значително помалку.

Со помош на регенеративниот систем за сопирање опсегот на може дополнително да се зголеми во гратски услови на возење. Трите нивоа на полнење на батеријата се манипулираат со помош на прекинувачите на воланот. Возачот може да избере и од три режими на возење (Eco, Power и Normal). Исто така, може да се нарача опционално топлинска пумпа за да се загрее внатрешноста и да се заштити автономијата.

Полнењето на батериите се врши со вграден полнач од 7,4 kW преку кој потребни се 7,5 часа за нивно полнење, додека на полнач од 100 kW, потребни се 30 минути батеријата да се засити до 80 проценти.  Предниот дел на ë-Berlingo е редизајниран и го применува новиот дизајн на брендот со новиот Шеврон кој потсетува на раните години на компанијата. Во внатрешноста, возачот и сопатникот гледаат во целосно нова контролна табла со централен екран од десет инчи.

Инструмент таблата може да се конфигурира да одговара на индивидуалните барања. Електричниот Berlingo излегува на пазарот во две големини: M (4,40 метри) и XL (4,75 метри). Во долгата верзија, со доплата, достапни се дополнителни две седишта во третиот ред. Со преклопено совозачко седиште, целосно рамниот под за товарење достигнува 2,70 метри во верзијата M и 3,05 метри во верзијата XL.

Товарниот простор во задниот дел содржи помеѓу 775 литри и 4000 литри, во зависност од верзијата. Поврзаноста е, исто така, ревидирана и нуди, меѓу другото, едноставен систем за препознавање глас и камера за рикверц. Информатичарите поставија безжичен полнач за паметниот телефон и две USB порти во централната конзола.

За ë-Berlingo достапни се вкупно 18 асистенти за возење, вклучително и Head-up систем, адаптивна контрола на патувањето и контрола на стабилноста на приколката. Сигурно се прашувате дали ќе остане верзија со мотори на согорување? Одговорот на тоа, барем засега, Citroën не го дава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER