Дури и денес изгледа футуристички
Пред точно половина век Citroen го претстави CX. Автомобилот кој и денес изгледа футуристички требаше да ја продолжи успешната низа револуционерни модели на марката која ја започна напредниот Traction Avant. Но не успеа во тоа, барем не целосно. Дизајнерите добро си ја завршија работата, но компанијата тогаш беше во дебела предбанкротна криза и при конструирањето и пласирањето на CX беа направени повеќе компромиси и грешки што ја дефинираа неговата иднина која одлично започна, со освојување на титулата „Автомобил на годината“ во Европа. Сепак како респектабилен статусен симбол, Citroen CX за 17 години успеа да стигне до 1.169.695 купувачи.