Citroen C4 SpaceTourer место Picasso (со видео)

Видео Новитети

Citroen C4 SpaceTourer место Picasso

Моноволуменската сага на Citroen го менува името – отсега ќе се вика C4 SpaceTourer место Picasso
Објавено на 2 март 2018 година

Citroen C4 Picasso беше е еден од ретките моноволуменци кој ја преживеа наездата на SUV моделите. Зборуваме во минато време затоа што отсега па натаму во продажните салони ќе се среќава како C4 SpaceTourer. Со тоа името на славниот сликар целосно ќе биде исфрлено од гамата на францускиот производител, бидејќи помалиот C3 Picasso лани беше заменет со потполно новиот C3 Aircross. За разлика од него, C4 SpaceTourer и неговиот поголем брат Grand C4 SpaceTourer не се нови – тоа се добро познатите модели само сега со ново име. Официјалното објаснување од Citroen е дека со тоа сакаат да ги унифицираат ознаките на моноволуменците во својата гама.

видео

клучни зборови: , , , , ,