Citroen C4 – Автомобил на годината во Македонија

Македонија Новитети

Veni Vidi Vici

Само што се промовира кај нас C4 стана лауерат за 2021 година, Peugeot со две специјални признанија

објавено 05. март 2021

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 26. пат го организира изборот. Во него учествуваат новинари со долгогодишни искуство и стаж во следењето на автомобилските новитети и случувања. Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот одбра осум (8) возила кои влегоа во финалето и тоа Citroen C4, Land Rover Defender, Nissan Juke, Peugeot 2008, Skoda Octavia, Seat Leon, Toyota Yaris и VW Golf. Во образложението жириот го дава ставот за одлуката: ”Изграден врз целосно нова платформа, C4 прави квантен скок во однос на неговиот претходник. Со мулти-енергетската архитектура, која овозможува во едно возило вградување на бензински, дизел и чисто електричен погон, одлучно исчекорува кон иднината. Citroen C4 импресионира со концепцијата давајќи нова димензија на семејните хечбек возила. На границата на компактните кросовери, тој непогрешливо ќе знае да ги исполни сите очекувања, преминувајќи ги детерминирањата поставени од класната припадност. Новиот C4 ја сублимира децениската интенција на Citroen за иновативен пристап во интерпретацијата на високата технологија притоа применувајќи дизајнерска креативност која никого не остава рамнодушен.” Членовите на Жирито му доделија три гласа на моделот Citroen C4, а еден глас доби моделот Toyota Yaris. Гласот од финалистите годинава го доби моделот LAND ROVER DEFENDER а Гласот на публиката – Во онлајн гласањето спроведено преку платформата на www.coty.mk беа забележани вкупно 9.512 гласа. Моделот SKODA OCTAVIA доби најмногу гласови – 1.820. Доделени се и специјални признанија од кои спортско-корисно возило на годината го доби PEUGEOT 2008, Признанието EV на годината го доби моделот PEUGEOT е-208, додека наградата за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија „Томислав Биљарац“ за 2021 година да биде доделена на Вилијем Хорват.