Моќен и елегантен
Citroen ја претстави сериската верзија на новиот модел Basalt кој ќе се продава само во Јужна Америка и Индија. Најавен при крајот на март, тој верно ги пренесува моќта и елеганцијата на концептот спакувани во форма која на купувачите ќе им го понуди најдоброто. Тој е комбинација на флуидноста и динамика на купе, предностите и робусноста на мал кросовер и практичноста и пространоста на семеен автомобил. Развиен во Бразил со силна локална интеграција, Basalt заедно со C3 и Aircross ќе го подржи меѓународниот раст на Citroen на третите пазари.
Во Индија ќе биде во понуда со 1,2 литарски бензински мотор со 82 KS со петстепен мануелен менувач или пак со негова турбо изведба со 110 KS во комбинација со шестстепен мануелен или автоматски менувач. Согласно спецификите на пазарот верзијата за Бразил ќе се опремува со еднолитарски турбо мотор кој на бензин развива 125, а на етанол 130 KS.




