Citigoᵉ iV » Прва електрична Škoda

Прва електрична Škoda

Времињата се менуваат, а и ние со нив

Објавено на 29 мај 2019 година

Покрај Superb, Škoda подготви уште еден свеж новитет – електричниот Citigo. Малиот градски модел кој беше претставен во неговото место на раѓање – Братислава, во основа е ребрендирана верзија на Volkswagen e-Up. Но за разлика од него има двојно поголеми батерии кои му обезбедуваат автономијата од 265 километри. Електромоторот од скромни 83 коњски сили ќе го забрза до 100 на час за 12,5 секунди, а максималната брзина му е ограничена на 130 километри на час. Од обичниот Citigo се разликува по стилските детали кои го навестуваат неговиот електропогон – затворената маска, поинаквиот браник и уште две-три ситници. Првите пробни 10 примероци веќе се направени и испорачани на избрани клиенти заради тестирања во реални услови на експлоатација. Сериското производството ќе започне во втората половина од годинава, а цената не е позната. Неофицијално се споменува декa нема да надмине половина милион чешки круни, што е нешто помалку од 22.000 евра.

Со појавувањето на хибридниот Superb и електричниот Citigo, треба да се одбележи уште еден момент – воведувањето на суфиксот iV за сите модели на Škoda кои во иднина ќе ја имаат електрификацијата како основна вокација.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER