Chevrolet го враќа Spark

Идниот евтин електричен модел на Chevrolet ќе носи познато име

Од Chevrolet стигнуваат вести дека се враќа Spark. Но, не радувајте се прерано – малиот корејски автомобил кој беше кај нас доста популарен ќе остане во историјата, а неговото име ќе го носи идниот евтин електричен модел на Chevrolet. Ќе биде кросовер и треба да го зазеде почетното скалило во понудата кое до лани го имаше Bolt EUV, чиј всушност наследник и треба да биде. Премиерата му е закажана за идната година, а од техничките детали се знае само дека ќе користи Ultium платформа и подобрени батерии. Јасно, не треба да се очекува вистински кросовер туку само малку повисок хечбек со стилски детали кои ќе му дадат имиџ на кросовер. Плановите на General Motors со него се амбициозни и ако не дојде до нивна корекција треба да се произведува во големи количини со што цената ќе му падне на 20-тина илјади долари. Нема индиции дека би се продавал во Европа, но како таков модел сепак се вклопува во стратегијата за настап на General Motors на стариот континент.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER