Се ближи крајот

Се менува ли нешто во арената на спортските автомобили во Соединетите Американски Држави?

Објавено на 14 април 2019 година

Според најновите информации, дилерите на Chevrolet имаат натрупано залихи од 9.000 возила од моделот Corvette. Бидејќи минатиот месец од него се продадени само нешто над 800 примероци, тоа значи дека се снабдени за целата оваа година. Едни велат дека Chevrolet намерно произведувал значително поголеми количини од Corvette за да има доволно време технолошки да ги подготви монтажните ленти за новата генерација која се очекува во септември. Други пак дека увозната конкуренцијата го има прегазено овој спортски двосед и купувачите веќе не се подготвени да плаќаат по повеќе од 50 илјади долари за него. Вистината најверојатно е некаде измеѓу, но факт е дека од Corvette во 2016-та се продадоа повеќе од 40.000 примероци. На располагање се повеќе верзии со V8 мотори, од кои најсилната има 765 коњски сили и постигнува 346 километри на час. Тие во моментов се распродаваат со огромни попусти и финансисрање со нула отсто камата и рок на исплаќање од 72 месеци. Веќе е најавено дека последниот произведен примерок ќе биде ставен на аукција на 28 јуни, за добротворни цели.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER