Зелената е најубавата боја

Зелената е најубавата боја

Не, не мислиме на пролетно раззеленетите дрвја туку на зелените автомобили меѓу кои се вброи и Porsche Cayenne E-Hybrid
Објавено на 2 мај 2018 година

Беше најавен уште во март кога се вршеа финалните тестирања на прототипите, а сега зелениот Porsche Cayenne E-Hybrid и официјално е претставен. За негов погон се искомбинирани 3,0 литарски V6 бензинец со 340 KS и електромотор со 100 kW, кои заедно на сите тркала преку осумстепениот Tiptronic S менувач испорачуваат 462 KS и 700 Nm. Porsche Cayenne E-HybridТие се доволни за забрзување до 100 km/h за точно 5,0 секунди и најголема брзина од 253 km/h. После полнењето од 7,8 часа литиум-јонските батерии од 14,1 kWh ќе му овозможат да помине едвај 44 електрични километри, со брзини до 135 km/h. Затоа пак според фабричките податоци емисијата на CO₂ му изнесува 72 g/km, a комбинираната потрошувачка на гориво импресивни 3,2 l/100 km.

Импресивна е и цената, која за Германија е поставена на 89.822 евра. Porsche Cayenne E-Hybrid во продажба ќе се најде веќе овој месец.

Porsche Cayenne E-Hybrid

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER