CATL со нови батерии кои ветуваат

Десет минути полнење за 400 километри

Кинескиот гигант CATL претстави нови батерии кои можат да ја променат иднината на електричните возила

Најголемиот светски производител на батерии, кинескиот CATL кој држи 37 отсто од пазарот, претстави нови литиум-железо-фосфатни батерии кои ветуваат – автомобилите опремени со нив со 10 минути полнење (до 80%) можат да поминат до 400 километри, односно 700 километри кога се целосно наполнети. Уште поважно е тоа што кинескиот гигант вели дека масовното производство на овие батерии наречени Shenxing може да започне до крајот на годинава, што значи дека првите возила со нив ќе можат да се појават на пазарот веќе на почетокот на идната 2024-та. CATL што е кратенка од Contemporary Amperex Technology Co., Ltd. уште потврдува дека со континуирана работа ќе ги подобрат технологиите на производствените процеси и намалат трошоците до ниво овие батерии да станат стандарден производ достапен за секое електрично возило.

Моментално најголем клиент на CATL е Tesla, а имаат блиски врски и со Ford.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER