Новиот регент на тацна
Пред нешто повеќе од 50 години, Land Rover комбинираше два навидум некомпатибилни елементи и воведе сосема нова категорија на теренски возила. До тогаш робусните теренци се користеа како работни коњи, а единствениот раскош беа тапацираните седишта и греењето во кабината. А потоа дојде Range Rover и се преврте наопаку! Сега британските теренци имаат повеќе луксуз од директорските лимузини и станаа обожувани од парајлиите. Еден од нив е Range Rover Sport чија нова генерација има еволутивен дизајн и ориентирана е кон возачот.


