Test Skoda Fabia 1.0 Style – ВИДЕО

Рационалната и воздржана Fabia како да влезе во пубертет. Малиот трицилиндричен бензинец со само 80 коњи на хартија делува немоќно. На помош пристигнува добро осмислената и просторна внатрешност врамена со пристојно дизајнирана каросерија. Кога ќе се подвлече есапот доаѓаат неочекувани закључоци…

Test Skoda Fabia 1.0 Style – ВИДЕО

Подобро од очекуваното! Рационалната и воздржана Fabia како да влезе во пубертет. Малиот трицилиндричен бензинец со само 80 коњи на хартија делува немоќно. На помош пристигнува добро осмислената и просторна внатрешност врамена со пристојно дизајнирана каросерија. Кога ќе се подвлече есапот доаѓаат неочекувани закључоци!

АВТО МАГАЗИН – НОВА ПРЕМИЕРА

Кратењето на производството на автомобили предизвикано од веќе познати причини ги опфати сите добавувачи. Трендот на поскапувања и кратења на квотите за сите пазари се преточи и кај гумарите чиј најголем предизвик е обезбедување на континуирана испорака на репроматеријали. Автомобилџиите изнаоѓаат решенија за развој на сопствени батерии со што ќе ја намалат цената на чинење. […]

Tata Avinya – ВИДЕО

Вториот концепт на електрично возило со знакот на Тата само ги аргументира амбициите. Индијската компанија сака во следните години да земе 25% од колачот на домашниот пазар, а дека тоа е реално покажува Avinya.

Abarth 695 Tributo 131 Rally – ВИДЕО

Светот на автомобилите неповратно се менува. Мирисот на бензинот ќе исчезне и ќе биде заменет со зуењето на електромоторите. Голем дел од традиционалистите се плашат дека тоа ќе однесе во заборав бројни автомобилски икони, како што на пример беше Fiat 131 кој своевремено освои три конструкторски и две возачки шампионски титули во рели.

Lincoln Star – ВИДЕО

Задоцнетиот старт на електрификацијата Lincoln сака да го надокнади со крупни чекори. Во тоа несебично ќе му помогне Ford чија желба е, американската луксузна марка да го поврати загубеното место на пазарот.

Ineos Grenadier – Конечно на терен!

После долго време сериозни подготовки, развој и тестирања, модерниот наследник на класичниот Land Rover е подготвен за производство. Настанат како резултат на големата упорност на британскиот хемиски магнат Џим Ретклиф, Ineos Grenadier веќе од јули ќе се продава по цена од 49 илјади фунти.

Bentley – Flying Spur Hybrid

По патот кон потполна електрификација Еден од синонимите за луксуз на тркала несомнено е Bentley. Тешки времиња дојдоа кога една таква марка се фали со штедливоста на луксузната лимузина Flying Spur која ја нуди со плагин хибрид. Наскоро, сакал или неќел, Bentley ќе мора да влезе во потполна електрификација бидејќи Rolls-Royce тоа го најавува за […]

Авто Магазин – Нова премиера, 33-та сезонава

Светот секојдневно се менува, а со него и автомобилската индустрија. Веќе одомаќената технологија на батериски електрични возила станува дискутабилна поради се поголемиот продор на хидрогенот и горивните ќелии. По стариот добар рецепт, се воскреснуваат ограничени едиции во чест на некоја легенда а вистинска денешна посластица е Ferrari SP48 Unica, направен исклучиво по желба и надзор […]

Ford Mustang – ВИДЕО

Американската икона успешно одолува на ударите на електрификацијата. Mustang останува мускулест и со многу цилиндри, барем уште некое време. Повеќе од извесно е дека ќе добие струјна терапија која треба да започне во „догледно време“.