ВИДЕО – Peugeot Paris 2022

Како се претстави лавот во сопствената савана? Честа на групацијата Stellantis ja одбрани Peugeot. Новиот 408 е необична симбиоза на стил и просторност која ќе се докаже на дело од самиот почеток на идната година. Публиката добро го прифати новитетот кого може да го очекуваме и кај нас во втората половина на 2023 г.
Авто Магазин – Нова епизода

Есента секогаш е во знакот на автомобилските саеми. По четири години апстиненција повторно на календарот се најде смотрата во Париз која беше најбледата досега. Малубројните излагачи комотно ги собра во две хали. Честа на Французите ја одбранија Peugeot и Renault додека шансата да се биде виден ја искористија кинеските марки… Го претставуваме првиот електричен Rolls […]
Test Opel Astra Ultimate – ВИДЕО

Што посакавме, тоа ни се оствари. Кога пред девет месеци ја цвозевме новата Opel Astra во Португалија имавме желба да ја извозиме и на нашите патишта. Со својот турбо-дизел мотор и осум степен автоматик руселсхајмската ѕвезда покажа дека е способна да сјае на секое ќоше од планетава!
BMW M2 – ВИДЕО

Многу малку модели останаа да се гордеат со старите вредности. Пријатно изнендаување ни приредија Баварците со лансирањето на М2 кој е еден од ретките во светот кој нуди вистински вредности. Еве за што зборуваме…
Hyundai Ioniq 6 – ВИДЕО

Со желба да биде еден од енергетски нај ефикасните модели на пазарот Hyundai го најавува Ioniq6 на сите ѕвона. Знаејќи ги Корејците, тоа не го прават без здрави аргументи.
Авто Магазин – Нова епизода, петта во сезона 27

Во светот на четирите тркала се случуваат контроверзни работи. Додека официјалната мантра е електрификацијата, се појавуваат изведби што го слават моторот со внатрешно согорување. Се покажува дека традиционалистите се на секаде и не се подготвени, иако имаат свои едиции само на струја, да се откажат од вистинските возачки вредности што недостасуваат на многумина… Денешното издание […]
ВИДЕО – Ќе има ли недостаток на AdBlue?

Адитивот што ги намалува азотните оксиди при согорувањето на дизел горивото станува дефицитарен. Дали е шпекулација или вистинска криза ќе покаже времето?! Како стојат работите има од се по нешто.
ВИДЕО – Maserati Gran Turismo

Поминаа 75 години откако Maserati го лансира својот прв Gran Turismo модел. Скроен за врвни перформанси и удобни долги патувања сега ја доживува новата генерација која има два погони. Бензинскиот V6 би-турбо располага со 490 или 550 коњи, во зависност на изведбата, но најсилна верзија е со електропогон која испорачува на тркалата 559 kW.
ВИДЕО – Audi TT и R8

Лебедова песна на два снагатори Успешната кариера на два модели од Инголштат завршува. За да биде достојно испратен Audi TT ќе се произведе во проштална серија од само 100 примероци, а нему ќе му се придружи и R8 кој веќе нема да има V10 мотор.
ВИДЕО – Smart #1

По селидбата во Кина Smart се враќа на сцената. Овој пат како кросовер, далеку потежок од она на што сме навикнале и со уште повеќе сила. Сега е исклучиво електричено возило со 270 коњи, а неговата Brabus изведба испорачува 428 коњи и забрзува до стотка за 3,9 секунди…